Почитувани професори и студенти,како и секоја година,
DAAD (германска служба за академска размена) нуди широк спектар на стипендии за академската средина.
До 15 ноември студентите можат да аплицираат за курсеви по германски јазик, магистерски за сите академски дисциплини или докторски студии.
Професорите можат да аплицираат за истражувачки престој.
Познавањето германски јазик не е услов за аплицирање.
Има многу студиски програми или можности за истражување на англиски јазик (види прилог 1).
Описот на поединечните програми за стипендии за Македонија можете да го најдете во базата на податоци за стипендии на следниот линк:
Од таму, можете директно да влезете во порталот за апликации DAAD.
На 7-ми октомври од 16 до 17 часот, Томас Мер ќе одржи информативен настан во „Сала за состаноци“,
на Факултетот Блаже Конески во Скопје. Сите кои се заинтересирани се срдечно поканети (види прилог 2).
За оние кои не може физички да присуствуваат, на 08.10 од 16 до 17 часот,
ќе одржи онлајн информативен настан за ова: Zoom-Link (види прилог 3).
Со почит,
Владимир Ивановски
Продекан за меѓународна соработка, научни и апликативни прашања
* 07.10.2025
Почитувани студенти од прв цикус,
Ве известуваме дека редовниот рок за запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година,
се продолжува до 04.10.2024 година (петок), без уплата на надоместок за задоцнето запишување на семестар.
Воедно ве потсетуваме дека 14.10.2024 година е крајниот рок за запишување на зимскиот семестар.
Продекан за наставни и студентски прашања, Проф. д-р Валентина С. Стаменковиќ
* 01.10.2024 г.
Почитувани студенти од прв цикус,
Ве известуваме дека редовниот рок за запишување на зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година,
се продолжува до 04.10.2024 година (петок), без уплата на надоместок за задоцнето запишување на семестар.
Продекан за наставни и студентски прашања, Проф. д-р Валентина С. Стаменковиќ
* Соопштение за упис на зимски семeстар учебна 2024 2025 Повеќе
* ЕЛЕКТРОНСКО ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТРИ Повеќе Видео
* Сите потребни информации за надоместоците, може да ги најдете на следниот линк Повеќе
Ве известуваме дека запишување на зимскиот семестар во учeбната 2024/2025 година,
ќе започне од 18.09.2024 г. наместо од 16.09.2024 година Повеќе
(Напомена : Се однесува за студентите на прв циклус студии од втора година па нагоре)
- Tермин за предавањата по предметот Психологија за наставните студиски програми во зимскиот семестар во учебната 2024/2025 година:
Почитувани студенти од наставните студиски програми,
Ве известувам дека предавањата од предметот Психологија ќе се одржуваат во терминот - вторник во 16:30 во Предавална 3 на Филозофскиот факултет во Скопје.
Првиот час ќе се одржи на 08.10.2024 година (вторник).
Предметен наставник,
Проф. д-р Калина Сотироска
Конкурс - втор циклус студии / прв уписен рок 2024/2025 Повеќе
Почитувани,
На ден 01.10.2024 година (вторник) ќе се одржи првиот академски час во учебната 2024/2025 година,
во амфитеатарот "проф. д-р Ордан Печијаре"- (приземје во горната зграда на Факултетот).
Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.
Настанот ќе се одвива во два дела:
Свечeност на УКИМ
10:00 Плато на УКИМ (покана)
Свечeност на ПМФ
13:00 часот, обраќање на деканот на Факултетот, Проф. д-р Даворин Трпески
13:30 часот, врачување на индекси на соодветните институти (распоред)
Декан на ПМФ
Проф. д-р Даворин Трпески
Следете го линкот кој води кон деталите Повеќе
Конечна ранг-листа на примени студенти на прв циклус студии (ВТОР уписен рок) за академска 2024/2025 Повеќе
Почитувани студенти,
Доставувањето на потребните документи за упис на примените кандидати ќе се врши во горната (нова) зграда, на шалтерите од Одделението за студентски прашања,
на 26.09.2024 година (четврток) од 8-15 часот. (доколку рангираните кандидати не ги достават во рок и во целост наведените документи, ќе го изгубат правото на упис).
- Потребни документи за упис на примени кандидати втор уписен рок 2024 2025 Повеќе
Следете го линкот кој води кон деталите Повеќе
Драги наши студенти,
I. Доставувањето на потребните документи за упис на примените кандидати
ќе се врши во Горната (нова) зграда,
на 11.09.2024 и 12.09.2024 година, од 8:00-15:00 часот во просторијата 98/99
III. Сите информации околу потребните документи за упис се дадени на следниот линк
Конечна ранг-листа на примени студенти на прв циклус студии (прв уписен рок) за академска 2024/2025 Повеќе
Следете го линкот кој води кон деталите Повеќе
.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ за студентите кои ќе конкурираат на Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии
во државните и приватните студентски домови во студиската 2024/2025 година Повеќе
.
М-Р ПЕТАР ПЕТРОВ 12.07.2024 ГОДИНА (ПETOK) СО ПОЧЕТОК ВО 11:30 ЧАСОТ Повеќе
М-Р ПАВЕЛ ВЕЉАНОСКИ 15.07.2024 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ Повеќе
М-Р ВАСКО АЛЕКСОВСКИ 15.07.2024 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ Повеќе
М-Р РАМАДАН АЉИТИ 15.07.2024 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) СО ПОЧЕТОК ВО 10:00 ЧАСОТ Повеќе
.
На 12.06.2024 година, на Природно-математичкиот факултет – Скопје, се одржа работилница на тема „Можности за користење на програмите од Европската Унија“.
Работилницата се одржа во соработка со претставници од Министерството за образование и наука, со следните предавања:
- г-дин Александар Тутновски: „COST - Европска соработка во науката и технологијата“
- г-ѓа Олга Дуковска-Атов: „CEEPUS - Централноевропска програма за размена во областа на универзитетски студии“
- г-ѓа Mарина Николовска: „Horizont Europe - Хоризонт Европа“
- г-ѓа Станка Петковска: „Финансиски аспекти на Програмата Хоризонт Европа“
Исто така, проф. д-р Љупчо Пејов, од Институтот за Хемија, одржа предавање на тема: „Лични искуства со COST, CEEPUS, Horizon“
На настанот присуствуваше деканот на природно-математичкот факултет, проф. д-р Даворин Трпески,
а работилницата ја отвори продеканот за меѓународна соработка, наука и апликативни прашања, проф. д-р Владимир Ивановски.
На работилницата, покрај колегите и студентите од Природно-математичкиот факултет, присуствуваа и колеги од останатите единици на УКИМ,
како факултетот за земјоделски науки и храна, машинскиот факултет, економскиот факултет.
На претставниците од МОН им се заблагодаруваме за споделените информации и нивното присуство на ПМФ.
На присутните им се заблагодаруваме за нивниот интерес.
На техничкиот кадар на ПМФ и Институтот за хемија му се заблагодаруваме за помошта во реализацијата на работилницата.
Линк до објавата на facebook
.
Почитувани студенти,
Ве известуваме се активирани анонимните анкети за зимскиот и летниот семестар во учебната 2023/2024 г.
За успешно спроведување на процесот на анкетирање,
студентите од прв циклус треба задолжително да одговорат на прашањата од анкетите за запишаните предмети од двата семестри.
Анкетирањето, треба да го реализирате во период од 13.06.2024-25.06.2024 година. Повеќе
.
Почитувани колеги,
ми претставува чест и задоволство да Ве поканам на претстојната работилница која Природно-математичкиот факултет – Скопје
при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ја организира во соработка со Министерството за образование и наука.
Темата на работилницата е: „Можности за користење на програмите од Европската Унија“ и ќе се одржи на 12.06.2024 година (среда),
со почетот во 12:00 часот, во амфитеатарот на Институтот за хемија (погледнете ја програмата во прилог за повеќе детали - Линк Програма/Покана).
Поканетите говорници од МОН се оние кои се одговорни за спроведување на овие програми во Македонија
и ќе зборуваат за новините и можностите кои програмите ги нудат.
Исто така, од наши колеги ќе бидат пренесени искуствата од овие програми.
На крајот од работилницата, ќе имате можност да поставите прашања и дискутирате на темата.
Ве очекуваме!
Заради поквалитетна организација на настанот, Ве замолуваме вашето присуство да го најавите до 10.06.2024 на e-mail: jadranka@pmf.ukim.mk
Проф. д-р Владимир Ивановски
Vice Dean
International Cooperation, Science and Application
.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека Природно математичкиот факултет – Скопје и списанието за наука и техника ЕМИТЕР
воспоставија соработка за унапредување на научно-техничката култура и едукација.
При тоа е обезбедена групна претплата на електронското издание на ЕМИТЕР во која,
покрај броевите од следната година, се вклучени и броевите од претходните 10 години (заклучно со 2014 г.).
Пристапот е овозможен преку интернет мрежите на ПМФ наменети за студентите Повеќе
.
Се известуваат редовните и вонредните студенти на Природно-математичкиот факултет во Скопје,
дека ВТОРАТА (летна) испитна сесија во уч. 2023/2024 година ќе се одвива во две декади во периодот од:
3 јуни 2024 – 5 јули 2024 (две декади) Повеќе
Страна 8 од 18, прикажува 20 од вкупно 347 записи ( 141, / 160 )