Соопштенија од факултетот

03 јуни 2022 Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: индивидуална мобилност за студенти за академската 2022/2023 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Повеќе

27 мај 2022 Одбрана на магистерски труд

На 08.06.2022 година (среда), со почеток во 12:00 часот на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет, кандидатот Христина Кочоска јавно ќе го брани својот магистерски труд. 

Повеќе

10 мај 2022 Одбрана на магистерски труд

На 18.05.2022 година (среда) со почеток во 12:00 часот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, кандидатот Софија Поповска, јавно ќе го брани својот магистерски труд.

Повеќе

13 април 2022 НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!

Центарот за кариера на УКИМ и THRIVITY Кариерниот центар организираа настан, трет по ред, под мотото „Зборуваме отворено за наука“.

06 април 2022 Конференција / Награда / Книга

* Одржана завршната конференција од проектот „Подготовка на идните наставници од Западен Балкан: Образование за демократија и човекови права“ Повеќе
* Доделена награда за најдобра презентација на меѓународната онлајн конференција “Innovative Trends in Teaching,
    Learning and Assessment” за тимот од Македонија   Повеќе
* Објавена уште една книга во Springer чии автори или уредници се дел од наставно-научниот кадар на ПМФ.
   Неодамна излезе од печат книгата „Биологија, одгледување и примена на печурките“ во издание на издавачката куќа Спрингер.           
   Еден од уредниците на книгата е проф. д-р Катерина Русевска од Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет-Скопје.“   Повеќе

30 март 2022 Јавен Повик за финансирање на иновативни проекти на Факултетите - „Предизвик за студенти иноватори“.

Повеќе информации за Јавниот Повик и потребните документи и формулари за аплицирање може да најдете на следниот линк:  Повеќе

29 март 2022 Онлајн обука на вработените на ПМФ за зголемување на бројот на статии на Википедија на македонски јазик

Здружението „Споделено знаење“, кое се занимава со зголемување на бројот на статии на Википедија на македонски јазик, ги повикува заинтересираните наставници, асистенти и останати на Природно-математичкиот факултет - Скопје на онлајн обука на 6 април 2022 година во 13:00 часот. Целта на обуката е што поквалитетно и поедноставно уредување на статиите на Википедија преку што би се постигнал поголем квалитет и квантитет на енциклопедијата на македонски јазик. Ве молиме вклучувањето да биде 10 минути пред 13:00 часот. 

10 март 2022 Покана за промоција на активностите на Деловно-технолошкиот Акцелератор УКИМ

Бизнис Акцелераторот на УКИМ (БАУ) во соработка со Природно-математичкиот факултет – Скопје, организира настан за претставување на Акцелераторот како и неговите можности, пред се` насочени кон помош на стартап и спиноф компании, кои ќе се формираат или се формирани и им треба финансиска поткрепа. Настанот и информациите кои ќе бидат споделени се интересни како за наставно-научниот кадар, така и за студентите. Настанот, кој ќе се одржи на 17 март 2022 (четврток) во 18:00 часот на платформата ZOOM, можете да го следите на линкот:

ВИДЕОКОНФЕРЕНЦИСКА ВРСКА

Повеќе

02 март 2022 ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА

На 10.03.2022 година (четврток) со почеток во 12:00 часот на Институтот за Биологија при Природно-математичкиот факултет, М-р Валдрина Ајети Салиху, јавно ќе ја брани својота докторска дисертација.

Повеќе

21 февруари 2022 Ранг-листа втор циклус 2021-2022 (втор уписен рок) на студиски програми на ПМФ

* Ранг-листа втор циклус 2021-2022 (втор уписен рок) на студиски програми на ПМФ и Образец Приговор втор циклус, втор уписен рок    Повеќе
*
 Документи и рок за запишување на втор циклус студии втор уписен рок 2021/22 Повеќе

20 февруари 2022 Паметни градови

Повик за учество на студенти и алумни во предакцелераторска програма на тема Паметни градови
наменета за млади иноватори од Западен Балкан. Повеќе
-  https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:6900411163566227456
-  https://www.facebook.com/acceleratorukim

18 февруари 2022 Бесплатен скрининг на антитела за КОВИД-19 / 21.02.2022 во 10:00ч, ПМФ пред горна зграда

* Почитувани Студенти на Природно-математичкиот факултет,  
Ве известуваме дека можете да добиете бесплатен клинички резултат за антитела за КОВИД-19 Повеќе
* Допис од  Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје. Повеќе

03 февруари 2022 Школа за политики 2022

Претседателскиот центар за политичко образование објавува повик за учесници на Школата за политики 2022 година.
Повеќе информации за повикот вклучувајќи ги условите за учество и потребните документи за апликација можете да најдете на следниов линк.

27 јануари 2022 Калкулатор за пресметување уплати при упис на ПМФ

27 јануари 2022 КОНКУРС - втор циклус студии / втор уписен рок 2021/2022

КОНКУРС
за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми
на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје во вториот уписен рок од академската 2021/2022 година

НАПОМЕНА:

  1. Кандидатите се пријавуваат електронски, од 07.02.2022 до 18.02.2022 до 14:00 часот, со:
  • задолжително регистрирање на www.upisi.ukim.mk и пополнување електронска пријава во iKnow-системот
  • задолжително испраќање на потребните документи на електронска адреса на ПМФ: ii-pmf@pmf.ukim.mk

2.   Во предмет (subject) на електронската порака, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

3.   Како текст на електронската порака да се напише: − име и презиме; − студиска
програма на која конкурира кандидатот; − институт – организатор на студиската програма. 

4.  Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, во прилог на приjавата, треба да ги прикачи (во Attach File) скенирани потребните документи (во PDF-формат)

СЛОБОДНИ МЕСТА за запишување студенти на втор циклус студии во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 година.

25 јануари 2022 ИНСТАГРАМ ПРЕДИЗВИК ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

По повод 17.2, Меѓународниот ден на антропологијата,
Институтот за ентологија и антропологија при ПМФ, УКИМ
ве повикува да учествувате во Инстаграм натпревар за најдобра фотографија на тема #НашитеСветови.

Повеќе

14 јануари 2022 Одбрана на магистерски труд

На 25.01.2022 година (вторник), со почеток во 15:00 часот на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет, кандидатот Димитар Угриновски јавно ќе го брани својот магистерски труд.

Повеќе

29 декември 2021 Избрани претседател и членови на Факултетското студентско собрание на ПМФ - Скопје

Ве известуваме дека за академската 2021/2022 година беа избрани претседател и членови на ФСС на Природно-математички факултет- Скопје.

Повеќе

27 декември 2021 Соопштение за прва испитна сесија и календар на активности за уч.2021/2022

27 декември 2021 Прелиминарни листи - докторски студии (втор упиен рок) и Образец Приговор на прелиминарна листа

Страна 11 од 13, прикажува 20 од вкупно 248 записи ( 201, / 220 )

| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |