Денес, по повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, во Аулата на Ректоратот се одржа Денот на младите истражувачи, првиот настан од иницијативата „Месец на науката на УКИМ 2026“. Преку отворена постер-сесија, младите научници од единиците на УКИМ ги претставија своите истражувања пред академската заедница.
Природно-математичкиот факултет го претстави доц. д-р Јелена Хиниќ од Институтот за биологија со истражувањето „Филогенетска реконструкција на видовите водни молци (Insecta: Trichoptera) од Шар Планина (Р. С. Македонија) со користење на mtCOI генскиот маркер“.
На настанот присуствуваа и проф. д-р Рената Ќуштеревска, продеканка за меѓународна соработка, научни и апликативни прашања, и проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ. Со гордост ја поддржуваме работата на нашите млади истражувачи и нивниот придонес во развојот на науката!
Повеќе информации и фотографии во објавата на УКИМ.
На 5.11.2026 год. (четврток), од 12 часот, во предавална бр. 17 на ИЕА ќе се одржи презентација на горенаведената тема. Ќе говорат Наташа Атанасова и Јасмина Грујиќ од маркетинг агенцијата „Импакта“. Добредојдени се сите студенти и вработени на ПМФ.
Bridge to Balkans (B2B) Startup Acceleration Program > Детално
Почитувани студенти,
Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 315. седница одржана на 17.9.2026 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родители ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2026 година Повеќе
Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година. Повеќе
Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2026/2027 година на Природно-математичкиот факултет-Скопје доставуваат:
– Пријава за учество на Интерниот оглас; Повеќе
– Изјава за број на членови на семејството Повеќе
– Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата;
Потребната документација, согласно интерниот оглас, се доставува на следнава email адреса: pmf@pmf.ukim.mk , најдоцна до 14.10.2026 год.
Почитувани бруцоши,
На ден 01.10.2026 година (четврток) ќе се одржи првиот академски час во учебната 2026/2027 година.
Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска година.
Преземете го .pdf документот со комплетниот распоред и детали на следниот линк
Страна 1 од 18, прикажува 20 од вкупно 360 записи ( 1, / 20 )