Анкетата е наменета за студенти, универзитетски кадар и даватели на студентски услуги во сите 33 земји поврзани со програмата Erasmus+.
За нејзино пополнување не е потребно претходно искуство со Европската студентска картичка, а времето за пополнување е приближно 10 минути
Анкетата е отворена до 27 октомври 2025 година.
Линк до анкетата: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/ESC_Survey_2025
Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти.
Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација: Линк
За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти,
во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.
Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC:
Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).
Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk“
Почитувани студенти,
Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 304. седница одржана на 16.9.2025 година,
донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии
за студентите чие родителско право го врши само еден родител
и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2025 година Повеќе
Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител,
кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии
за учебната 2025/2026 година. Повеќе
Заинтересираните студенти за учество на Интерниот оглас до Комисијата за спроведување на постапката за селекција на кандидатите за остварување на правото за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година на Природно-математичкиот факултет-Скопје доставуваат:
– Пријава за учество на Интерниот оглас; Повеќе
– Изјава за број на членови на семејството Повеќе
– Придружна документација согласно Огласот соодветна за категоријата;
Потребната документација, согласно интерниот оглас,
се доставува на следнава email адреса: pmf@pmf.ukim.mk , најдоцна до 14.10.2025 год.
- Јавна одбрана на магистерски труд - ФИЛИП ДИМКОВСКИ Повеќе
Почитувани бруцоши,
На ден 01.10.2025 година (СРЕДА) ќе се одржи првиот академски час во учебната 2025/2026 година,
во амфитеатарот „проф. д-р Ордан Печијаре"- (приземје во горната зграда на Факултетот).
Со свеченоста ќе се одбележи и почетокот на новата академска учебна година.
Настанот ќе се одвива во два дела:
- Свечeност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
10:00 Плато на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (покана)
- Свечeност на Природно-математички факултет – Скопје
13:00 часот,
- обраќање на проф. д-р Даворин Трпески, декан на Факултетот,
- обраќање на Адам Стојановски, претседателот на Факултетското студентското собрание на Факултетот, и
- обраќање на Борче Исакоски, заменик - студентски правобранител на Факултетот.
13:30 часот,
врачување индекси на соодветните институти (распоред)
- Јавна одбрана на магистерски труд - КИРИЛ ПАКОВСКИ Повеќе
- Јавна одбрана на магистерски труд - АНТОНЕТА АНТОВА Повеќе
- Јавна одбрана на докторска дисертација - ВЛАДИМИР ТОДОРОВСКИ Повеќе
- Конечна ранг-листа на примени студенти на прв циклус студии (прв уписен рок) за академска 2025/2026
- Соопштение за потребни документи за запишување на примените кандидати во првиот уписен рок за прв циклус студии
на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Природно - математички факултет - Скопје, во учебната 2025/2026 година
Повеќе
Почитувани,
на 03.09.2025 година (среда), Проф. д-р Драгица Василеска од
School of Electrical, Computer and Energy Engineering, Ira A. Fulton School of Engineering, Arizona State University, Tempe, AZ, USA, ќе одржи предавање со наслов:
Computational Electronics and Nanoelectronics Device Modelling
Предавањето ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет – Скопје,
во големиот физички амфитеатар, со почеток во 12:00 часот
(повеќе за предавањето и биографијата на проф. д-р Драгица Василеска може да погледнете на следниот линк).
Линк
Посетата на проф. д-р Драгица Василевска на Природно-математичкиот факултет е во рамките на активностите на УКИМ и International Organization for Migration (IOM),
со цел споделување на искуства на наши професори кои работат на странски универзитети.
Идејата е да се пренесат искуства поврзани со науката и образованието.
После предавањето ќе следува дискусија со проф. д-р Драгица Василеска за можностите за соработка.
Ве каниме на ова интересно предавање!!!
Следете го линкот за детални информации: Линк
15.07.2025 ВАЖНИ НАПОМЕНИ за студентите кои ќе конкурираат на Конкурсот за прием на студенти
запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026
Детално
Почитувани студенти,
Погледнете ја можноста за аплицирање за практикантство во Германија преку GIZ.
Повеќе
Јавна одбрана на докторска дисертација - Маја Доновски Лукаревска Повеќе
Почитувани студенти,
На 02.07.2025 година (среда) во 12:00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија проф. д-р Сашо Глигоровски од State Key Laboratory of Organic Geochemistry, Guangzhou Institute of Geochemistry, Chinese Academy of Sciences, Кина, ќе одржи предаавање на тема: The Chemical Dance of Air Pollution Shaping Our Climate and Home. Предавањето е од интердисциплинарен карактер и ги засега сите дисциплини од природните науки, а пред се е наменето за студентите од трите циклуси на студии. Предавањето е во рамките на активностите на УКИМ и International Organization for Migration (IOM), со цел споделување на искуства на наши професори кои работат на странски универзитети. Идејата е да се пренесат искуства поврзани со науката и образованието. По предавањето, студентите ќе може да продискутираат со професорот на теми кои се од взаемен интерес. Повелете!
Почитувани колеги,
На 04.07.2025 година (петок) во 12:30 часот, во амфитеатарот на Институтот за хемија проф. д-р Сашо Глигоровски од State Key Laboratory of Organic Geochemistry, Guangzhou Institute of Geochemistry, Chinese Academy of Sciences, Кина, ќе одржи предавање на тема: Atmospheric Chemistry and Physics: State of the Art and Future Collaboration Предавањето е од интердисциплинатен карактер и ги засега сите дисциплини од природните науки. Предавањето е во рамките на активностите на УКИМ и International Organization for Migration (IOM), со цел споделување на искуства на наши професори кои работат на странски универзитети. Идејата е да се пренесат искуства поврзани со науката и образованието. После предавањето ќе има време за дискусија, како и за можности за идна соработка. Повелете!
Страна 3 од 17, прикажува 20 од вкупно 330 записи ( 41, / 60 )