Самоевалуацијата на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е дел од процесот за евалуација на неговиот квалитет и е дел од постапката наакредитација според законските акти на Република Македонија. Нејзините три главни цели се:
- да претстави краток и содржаен преглед на наставно - образовниот процес, просторните можности и опременоста на Факултетот, научно-истражувачката работа, оспособеноста и активностите на студентите и организациската поставеност и функционирањето на Факултетот;
- да ги анализира добрите и слабите страни на факултетот при вршење на високообразовна и научна дејност и да предложи корективни мерки;
- да обезбеди основа која ќе послужи за вршење на самоевалуацијата што ја спроведува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и негова акредитација.
Самоевалуациски извештаи на Природно - математичкиот факултет
Самоевалуациски извештаи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје