Центар за кариера/Алумни

Центарот за кариера при нашиот факултет е посветен на поврзување на студентите со можности за професионален развој и унапредување на нивните кариери. Главната цел е да ја олесниме комуникацијата помеѓу студентите и работодавачите, обезбедувајќи пристап до можности за работа, практикантства и стручна пракса. Преку организирање на настани, работилници и саеми за вработување (во координација со Центарот за кариера на УКИМ), го поддржуваме развојот на вештини и создавањето на контакти кои им помагаат на студентите да се подготват за пазарот на трудот.
Покрај тоа, Центарот активно работи на промоција на Факултетот и неговите студиски програми, истакнувајќи ги нивните предности пред потенцијалните студенти, партнери и работодавачи. Со ова, придонесуваме за зајакнување на угледот на Факултетот и привлекување на нови можности за соработка.
Грижата за алумни мрежата е уште една клучна активност. Градиме база на податоци на дипломираните студенти, организираме настани за вмрежување и ги поврзуваме алумните со тековните студенти и факултетот. Овие активности не само што ја зајакнуваат заедницата, туку и создаваат мост помеѓу генерациите, овозможувајќи размена на искуства и професионална поддршка.
Центарот за кариера е тука да Ви помогне да ги направите првите чекори кон успешна кариера, да се поврзете со вистинските луѓе и да го искористите Вашиот потенцијал. Следете ги нашите објави и откријте ги можностите што ги нудиме за Вашата иднина!

Контакт: kariera@pmf.ukim.mk


Членови на Центарот за кариера на ПМФ

  • Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, Раководител
  • Проф. д-р Наталија Атанасова-Панчевска, Институт за биологија
    Проф. д-р Свемир Горин, Институт за географија
  • Проф. д-р Илина Јакимовска, Институт за етнологија и антропологија
  • Проф. д-р Валентина Гоговска, Институт за математика
  • Доц. д-р Елена Вчкова-Бебековска, Институт за физика
  • Асс. д-р Пеце Шеровски, Институт за хемија

 



АЛУМНИ МРЕЖА И РЕГИСТРАЦИЈА

Алумни мрежата на Природно-математички факултет има за цел да ги поврзе сите генерации дипломирани студенти, создавајќи заедница која го поддржува развојот и угледот на факултетот. Оваа мрежа овозможува постојана врска помеѓу факултетот и неговите поранешни студенти, промовирајќи соработка, размена на искуства и професионално вмрежување. Алумните играат клучна улога во градењето на мостови со индустријатаи работодавците, со образовни и истражувачки институции во земјата и светот, како и во унапредувањето на стручните и научните активности.
Преку алумни мрежата, поранешните студенти можат да придонесат за развојот на Факултетот, да ги заштитат професионалните интереси и да ги поттикнат етичките вредности во својата област. Оваа иницијатива го јакне чувството на заедништво и создава можности за идни проекти и партнерства.
Доколку сакате да станете дел од нашата алумни заедница, Ве покануваме да се регистрирате во базата на алумни. Со пополнување на формуларот подолу, се приклучувате на мрежа посветена на поврзување на сегашните и поранешните студенти, како и пријателите на Факултетот. Вашите податоци ќе бидат безбедно чувани, а со регистрацијата се согласувате повремено да Ве контактираме преку е-пошта за активности и можности поврзани со Центарот за кариера. Вашето учество ќе помогне во зајакнувањето на врските и отворањето на нови перспективи за соработка.
Пополнете го прашалникот и бидете дел од нашата приказна!

Кликнете на линкот до Приjaвa во Алумни базата или скенирајте го QR кодот подолу за полесен пристап преку мобилен уред.