Природно-математичкиот факултет е високообразовна установа како единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Природно-математичкиот факултет врши високообразовна, научноистражувачка и применувачка дејност во природно-математичко, општествено-хуманистичко студиско и научноистражувачко подрачје во областа на математичките, физичките, геофизичките, хемиските, биолошките, географските, информатичките, етнолошките и антрополошките наставно-научни, методичко-дидактички и стручни области од прв, втор и трет циклус на студии.
Факултетот врши и научноистражувачка и применувачка дејност што е во врска со основната дејност на Факултетот.