Соопштенија oд институти :
Денес, по повод Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 ноември, во Аулата на Ректоратот се одржа Денот на младите истражувачи, првиот настан од иницијативата „Месец на науката на УКИМ 2026“. Преку отворена постер-сесија, младите научници од единиците на УКИМ ги претставија своите истражувања пред академската заедница.
Природно-математичкиот факултет го претстави доц. д-р Јелена Хиниќ од Институтот за биологија со истражувањето „Филогенетска реконструкција на видовите водни молци (Insecta: Trichoptera) од Шар Планина (Р. С. Македонија) со користење на mtCOI генскиот маркер“.
На настанот присуствуваа и проф. д-р Рената Ќуштеревска, продеканка за меѓународна соработка, научни и апликативни прашања, и проф. д-р Валентина Славевска Стаменковиќ. Со гордост ја поддржуваме работата на нашите млади истражувачи и нивниот придонес во развојот на науката!
Повеќе информации и фотографии во објавата на УКИМ.