Соопштенија од факултетот

09 август 2022 ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Драги матуранти, наши идни студенти,

ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 19 август 2022 во периодот 10-12 часот и 12-14 часот,
со физичко присуство на секој од факултетите.

Повеќе

01 август 2022 European Statistics Awards Programme (organised by Eurostat)

Dear colleagues of "Ss. Cyril and Methodius" University in Skopje; Faculty for natural sciences, 

On behalf of Eurostat, we have the pleasure to announce the launch of the European Statistics Awards Programme – beginning with the European Statistics Awards for Nowcasting (starting on 1 September 2022), wherein teams will have the opportunity to compete for prizes amounting to up to EUR 8000 per time series.

Повеќе

15 јули 2022 Сместување во студентски дом

Известување за начинот на работа и работното време на одделението за студентски прашања за  студентите кои ќе конкурираат за сместување во студентски дом Повеќе

Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година  (https://mon.gov.mk/content/?id=4833 

 

04 јули 2022 Одлуки

Почитувани студенти, 

соопштението за потребни документи, уплати и начинот на организирање на  уписот на зимскиот семестар во уч.2022/2023 година, ќе биде дополнително објавено.

Сите потребни информации за роковите за упис на зимскиот семестар во уч.2022/2023 година во рокот и надвор од рокот (но најдоцна до 28.10.2022 г.), поднесување на барања за  мирување на студиите и одбрана на дипломска работа, се дадени во одлуката: Повеќе

 - ОДЛУКА  за делумно ослободување од партиципација/школарина  на особено успешен студент за уч.2022/2023 г. Повеќе

 - Одлука за слободување од плаќање партиципација/школарина во износ од 50% за студенти кои се стекнале со меѓународно признати дипломи/награди во одредени спортски дисциплини Повеќе

04 јули 2022 ОДЛУКА

ОДЛУКА за изменување и дополнување на Одлуката бр. 02-190/3 од 5.2.2016 г., за студетните кои освоиле прво место на државни натпревари

Повеќе

03 јули 2022 Информaции за зимски и летен семестар 2021/2022

Во продолжение ќе ги најдете сите потребни информации за зимскиот и летниот семестар за 2021/2022 година. Повеќе

13 јуни 2022 Соопштение

Општина Гази Баба и ПСМ Фондација, објавуваат Повик за натпревар во бизнис план, со цел за поддршка на три старт ап фирми, со фокус на животната средина.

Повеќе

07 јуни 2022 Одбрана на магистерски труд

На 24.06.2022 година (петок), со почеток во 15:30 часот на Институтот за биологија, кандидатот Радослав Стојчевски јавно ќе го брани својот магистерски труд. 

Повеќе

03 јуни 2022 УКИМ и THRIVITY: ден на кариерен развој

Почитувани студенти,

Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY! На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.

Повеќе

03 јуни 2022 Конкурс во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: индивидуална мобилност за студенти за академската 2022/2023 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Повеќе

27 мај 2022 Одбрана на магистерски труд

На 08.06.2022 година (среда), со почеток во 12:00 часот на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет, кандидатот Христина Кочоска јавно ќе го брани својот магистерски труд. 

Повеќе

10 мај 2022 Одбрана на магистерски труд

На 18.05.2022 година (среда) со почеток во 12:00 часот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, кандидатот Софија Поповска, јавно ќе го брани својот магистерски труд.

Повеќе

13 април 2022 НАУКАТА ГО ПОВРЗУВА СВЕТОТ! ПОВРЗИ СЕ СО УКИМ!

Центарот за кариера на УКИМ и THRIVITY Кариерниот центар организираа настан, трет по ред, под мотото „Зборуваме отворено за наука“.

06 април 2022 Конференција / Награда / Книга

* Одржана завршната конференција од проектот „Подготовка на идните наставници од Западен Балкан: Образование за демократија и човекови права“ Повеќе
* Доделена награда за најдобра презентација на меѓународната онлајн конференција “Innovative Trends in Teaching,
    Learning and Assessment” за тимот од Македонија   Повеќе
* Објавена уште една книга во Springer чии автори или уредници се дел од наставно-научниот кадар на ПМФ.
   Неодамна излезе од печат книгата „Биологија, одгледување и примена на печурките“ во издание на издавачката куќа Спрингер.           
   Еден од уредниците на книгата е проф. д-р Катерина Русевска од Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет-Скопје.“   Повеќе

30 март 2022 Јавен Повик за финансирање на иновативни проекти на Факултетите - „Предизвик за студенти иноватори“.

Повеќе информации за Јавниот Повик и потребните документи и формулари за аплицирање може да најдете на следниот линк:  Повеќе

29 март 2022 Онлајн обука на вработените на ПМФ за зголемување на бројот на статии на Википедија на македонски јазик

Здружението „Споделено знаење“, кое се занимава со зголемување на бројот на статии на Википедија на македонски јазик, ги повикува заинтересираните наставници, асистенти и останати на Природно-математичкиот факултет - Скопје на онлајн обука на 6 април 2022 година во 13:00 часот. Целта на обуката е што поквалитетно и поедноставно уредување на статиите на Википедија преку што би се постигнал поголем квалитет и квантитет на енциклопедијата на македонски јазик. Ве молиме вклучувањето да биде 10 минути пред 13:00 часот. 

10 март 2022 Покана за промоција на активностите на Деловно-технолошкиот Акцелератор УКИМ

Бизнис Акцелераторот на УКИМ (БАУ) во соработка со Природно-математичкиот факултет – Скопје, организира настан за претставување на Акцелераторот како и неговите можности, пред се` насочени кон помош на стартап и спиноф компании, кои ќе се формираат или се формирани и им треба финансиска поткрепа. Настанот и информациите кои ќе бидат споделени се интересни како за наставно-научниот кадар, така и за студентите. Настанот, кој ќе се одржи на 17 март 2022 (четврток) во 18:00 часот на платформата ZOOM, можете да го следите на линкот:

ВИДЕОКОНФЕРЕНЦИСКА ВРСКА

Повеќе

02 март 2022 ДОКТОРСКА ДИСЕРТАЦИЈА

На 10.03.2022 година (четврток) со почеток во 12:00 часот на Институтот за Биологија при Природно-математичкиот факултет, М-р Валдрина Ајети Салиху, јавно ќе ја брани својота докторска дисертација.

Повеќе

21 февруари 2022 Ранг-листа втор циклус 2021-2022 (втор уписен рок) на студиски програми на ПМФ

* Ранг-листа втор циклус 2021-2022 (втор уписен рок) на студиски програми на ПМФ и Образец Приговор втор циклус, втор уписен рок    Повеќе
*
 Документи и рок за запишување на втор циклус студии втор уписен рок 2021/22 Повеќе

20 февруари 2022 Паметни градови

Повик за учество на студенти и алумни во предакцелераторска програма на тема Паметни градови
наменета за млади иноватори од Западен Балкан. Повеќе
-  https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:6900411163566227456
-  https://www.facebook.com/acceleratorukim

Страна 10 од 12, прикажува 20 од вкупно 237 записи ( 181, / 200 )

| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |