Во тек е постапка за избор на претседател и членови на Факултетско студентско собрание на Природно-математички факултет - Скопје за периодот 2021-2022 година.
Овде можете да ја проследите снимката од свеченото одбележување на 75 годишнината од основањето на Факултетот и денот на Природно-математички факултет - Скопје.
На 16 декември 2021 година со почеток во 11 часот, Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, прославува 75 години од своето постоење и го прославува Денот на Природно-математичкиот факултет. ПРОГРАМАТА на настанот може да се проследи преку видеоконференциска врска на платформата ZOOM.
Meeting ID: 826 1785 7504
Passcode: 1612
*Ве молиме да се приклучите најмалку 10 минути пред почетокот на настанот!
На 17.12.2021 година (петок), со печеток во 11 часот, на Институтот за биологија Душица Заова јавно ќе го брани својот магистерски труд со наслов: „РЕАКЦИИ НА CYCLOTELLA CAVITATA (MEDIOPHYCEAE, BACILLARIOPHYTA) КОН ПАЛЕОЕКОЛОШКИТЕ ПРОМЕНИ ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ВО ТЕКОТ НА MIS 30-20 (1050-815 KA)“
Природно-математичкиот факултет донесе Упатство за пријавување, оцена и одбрана на дипломска работа за прв циклус (додипломски) студии.
КОНКУРС за запишување на студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во вториот уписен рок од академската 2021/2022 година
НАПОМЕНА:
2. Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат својот код кој го генеираат сами на следниов начин:
PMF + првите 7 бројки од единствениот матичен број на кандидатот.
3. Како текст на електронската порака да се напише:
− име и презиме; − студиска програма на која конкурира кандидатот; − факултет/институт – организатор на студиската програма.
4. Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, во прилог на приjавата, на двете електронски адреси,
треба да ги прикачи (во Attach File) скенирани потребните документи (во PDF-формат)
На само еден клик до откривање на сите тајни на природата: Природно - математички факултет
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Педагогија, кај проф. д-р Борче Костов, во ноемвриската испитна сесија ќе се одржи на 01.12.2021, од 11 до 12 часот преку MS Teams. Студентите кои сакаат да полагаат, пред испитот, да му пишат на проф Борче Костов, за да може да им испрати покана за полагање. Електронската адреса на професорот е: borcekostov@yahoo.com
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Англиски јазик, во ноемвриската испитна сесија ќе се одржи на 15.11. 2021 (понеделник) во 18.00 ч. Истиот ќе се спроведува онлајн, преку платформата Zoom. Предметната професорка, Солзица Поповска, ги замолува студентите што ќе го полагаат предметот, задолжително да се најават, на следнава електронска адреса: solzica_popovska@yahoo.com
Се известуваат студентите од Природно - математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Руски јазик, кај проф. д-р Ирен Алчевска, во ноемвриската испитна сесија е 30 ноември 2021 година, во 13 часот. Испитот ќе се спроведува онлајн. Пријавување на: iren_alcevska@mail.ru
Се известуваат студентите од Природно - математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на предметот Психологија, кај проф. д-р Калина Сотироска - Иваноска, во ноемвриската испитна сесија е на 23 ноември 2021 година во 14:00 часот. Испитот ќе се спроведува онлајн, на MS Teams. kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk
Ве известуваме дека Кристина Ѓорѓевиќ јавно ќе го брани својот магистерски труд со наслов: „Синтеза и структурно - вибразиона анализа кај АPbI3-перовскити“
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека е донесена Одлука за ноемвриската испитна сесија која ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година.
Се известуваат студентите од Природно-математичкиот факултет во Скопје, дека терминот за полагање на испитот по Македонски јазик, во ноемвриската испитна сесија е 27 ноември, сабота, во 12 часот. Испитот ќе се спроведува онлајн. Професорот Симон Саздов ги замолува студентите што ќе го пријават испитот, да се најават, на следнава електронска адреса s.sazdov@yahoo.com за да може да им испрати линк за полагање на испитот.
Почитувани,
За сите студенти од Природно - математичкиот факултет, кои можеби, во иднина би ја избрале авијацијата за професија, AVICON го организира Првиот аеронаутички академски и кариерен саем, кој ќе се одржи на 30 октомври 2021 година, во Градски парк во Скопје, на Школка во 11 часот. Повелете!
Хајал Ајдарче Сејфула јавно ќе го брани својот магистерски труд под наслов:
Напомена:
Кандидатите имаат право на приговор по објавените ранг-листи најдоцна до 20.10.2021 година на следната е-маил адреса: pmf@pmf.ukim.mk
Комисијата одговара на приговорите во рок од 5 работни дена.
Страна 12 од 13, прикажува 20 од вкупно 248 записи ( 221, / 240 )