СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАУКАТА ЗА МИР И РАЗВОЈ НА УКИМ

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА НАУКАТА ЗА МИР И РАЗВОЈ НА УКИМ

КОЛЕГИТЕ ОД ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ СО СВОЈОТ ПРИДОНЕС – НОСЕЧКИ ДЕЛ ОД НАУЧНИОТ СТОЖЕР

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го одбележа Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември во 2022 година https://www.un.org/en/observances/world-science-day, со свечени говори и доделување на награди и признанија, во аулата на Ректоратот на Универзитетот.
Светскиот ден на науката, Универзитетот го одбележа со промоција на најдобрите научници и уметник на Универзитетот за достигнувањата реализирани во 2021 година. Овој настан беше дополнително збогатен и со доделување на плакета за посебен придонес во развојот на научноистражувачката дејност на Универзитетот и исклучителни достигнувања во целокупната кариерата. https://www.ukim.edu.mk/mk_vest.php?v_id=436

Природно-математичкиот факултет повторно се издвои со својот допринос во научно-истражувачката работа. Така, награда за „Најдобар научник во научното подрачје на природно-математички науки за 2021 година“, е доделена на

  • д-р Рената Ќуштеревска, вонреден професор на ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ, Институт за биологија

Природно-математичкиот факултет отсекогаш бил стожер на науката не само на ниво на УКИМ, туку и на државно ниво, со најголем број на научно-истражувачки статии печатени во списанија со фактор на влијание.

Научниците од Природно-математичкиот факултет се признаени и на врвно меѓународно ниво и ваквата признатост ја чествува оваа година и УКИМ, со доделување на „Плакета за посебен придонес во развој на научноистражувачката дејност и интернационализацијата и афирмација на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје“ на:

проф. д-р Трајче Стафилов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во две категории:

  • за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот, индексирани во базата Web of  Science (199 заклучно со 2021),
  • за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на  Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

проф. д-р Иван Грозданов, редовен професор (во пензија) на Природно-математичкиот факултет во знак на признание за посебен придонес, во категоријата:

  • за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на  Stanford Универзитетот за 2% најцитирани научници на планетата за целата кариера, заклучно со 2021.

На добитниците на наградите им честитаме и посакуваме Природно-математичкиот факултет и понатаму да ја негува научната традиција.

Краток фото-филм од настанот.