Прв академски час

Денес, на Природно - математичкиот факултет во Скопје, беше одржан првиот час за академската 2021 / 2022 година. Првиот час, за новите студенти, го отвори деканот на Природно - математичкиот факултет од Скопје, проф. д-р Александар Скепаровски. Овој свечен час беше збогатен и со присуството на ценетите гости: Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, Министерката за образование и наука, г-ѓа Мила Царовска, како и Претседателот на Владата на РС Македонија, г. Зоран Заев, кои, со по неколку збора им се обратија на нашите студенти.