Ноемвриска (дополнителна) сесија во академската 2021/2022 година

Се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека  ноемвриската  испитна сесија ќе се одвива во периодот од 22.11.2021 година до 03.12.2021 година. Право за полагање имаат студентите кои:  уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2021/2022 година и уредно им е заверен летниот семестар од уч.2020/2021 година. Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и  полагаат најмногу 2 (два) испита  од летниот семестар од учебната 2020/2021 година.

Задолжителното електронско пријавување на испитите во дополнителната сесија испитна сесија ќе се одвива од  05.11.2021  до 02.12.2021 г. преку електронскиот „iKnow“ систем. Студентот  покрај електронското пријавување, на денот на испитот треба да носи со себе, индекс и пријава за испит (хартија) ако испитот се спроведува со физичко присуство. Доколку испитот се спроведува „on line“/ електронски,  пријавата за испит (хартија), студентот, дополнително ќе ја достави во термин, кој ќе биде објавен од  предметниот наставник.

Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.